Села: Ќе ставиме ред во урбанизмот - градбите без дозволи ќе бидат заборавени

 

Градоначалникот на Струга Зијадин Села истакна дека нема да ја поддржи практиката прво да се гради, а потоа да се бара дозвола за легализација.  

Според него, приоритетот во работењето на Општината ќе биде ставен врз урбанизацијата и решавањето на проблемот со дивоградбите.

- Работиме на средување на урбанистичкиот хаос и дивите градби и ќе се обидеме да се ставиме ред во урбанизмот. Градбите без дозволи ќе бидат заборавени во Струга, односно најпрво ќе треба да се добие дозвола, а потоа да се почне со градење. За жал, минатите години беше обратно, најпрво се почнувало со градба, а потоа се земале дозволи, појаснува Села. Од вкупно поднесени 5.014 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Струга, досега се легализирани 408 објекти, информираат од Општина Струга.

Започнати се 117 прдмети за  легализирање. Незапочнати предмети има вкупно 710. Повлечени се седум барања, а за 23 предмети се чека мислење од Министерството за транспорт и врски. Од вкупниот број поднесени барања за легализирање, за 3.749 се поднесени заклучоци за прекинување на постапката.

 

18.11.2013 - 13:15
Фото: 
охрид њуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега