Драгутин Топ се сомнева во регуларноста на изборот на победникот на Големиот брат

Драгутин Топ кој беше еден од учесниците на Големиот брат и за многу малку ќе ги освоеше 50.000 евра, проговори за своето искуство во куќата за српскиот портал 24вести.

На прашањето како ги средил впечатоците, Драгутин одговара: 

- Одлично се чувствувам. Со семејството сум, еве сега ќе излеземе да ја прошетаме ќерката. Не сум воопшто разочаран и навистина одлично се чувствувам. Не сум разговарал со сопругата Билјана за Големиот Брат, бидејќи имавме поубави теми на разговор.

Тој изјави дека брзо ја напуштил забавата на Големиот брат бидејќи не сакал од никогаш да се експонира.

-Па,да. Никогаш не сум сакал да се експонирам. Ја испоштував продукцијата и тоа беше доволно. Едвај чекав да си одам дома. Сега луѓето ми приоѓаат на улица, ме гушкаат и ми честитаат. Досега никој не ми кажал дека не гласал за мене, ниту пак некој ми рекол дека гласал за Жарко. Тоа е сепак друга приказна.