Од полноќ нови цени на горвата
Согласно методологијата за утврдување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати, денеска околу пладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Минатиот понеделник регулаторот ги намали цените на бензините за 1,5 денари по литар додека цената на дизелот се зголеми за половина денар.
Во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит
22.11.2021 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа