ФОТО: Битолчанец ќе вози "Поло" - Широк Сокак среќна локација за млади брачни парови кои играат "Среќни тркала"

 

Среќни тркала продолжува да ги радува играчите на Инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија. Последниот среќен добитник е Борче кој купил вкупно 3 инстант лоза од Среќни тркала од Вагабонт, а уште со првиот сфатил дека среќата му е наклонета, бидејќи уште веднаш му се насмевнале 4те идентични тркала кои значат сигурна премија, автомобил Поло.

 Инаку, Широк сокак во Битола е стартната локација каде покрај ова 17то Поло, претходно беше доделен и автомобилот Голф 6, премијата во првата серија Среќни тркала, која во 2010 ја освои млад брачен пар. Се чини дека Широк сокак во срцето на Битола е среќна локација за играчите на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

  Тајната на  инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.

  Ова е 17ти од вкупно 20 автомобили Поло, премии во Инстант лотаријата Среќни тркала, што значи во игра се уште  3, како и бројни парични  помали и поголеми добивки . За потсетување, досега се возат 4 Поло автомобили низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци,  Македонски брод, Битола, Кавадарци, Тетово , Охрид, а последново ќе се вози низ улиците во Битола.

 

 

 

17.11.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега