Анета Наковска: Па што ако ми ги покажале голите гради?

Македонската учесничка во шоуто на Големиот брат Анета Наковска во интервју за весникот Вечер си ја отвори душата и кажа како си поминала во куќата на Големиот брат.

Анета за весникот Вечер вели дека е среќна што останала до самото финале на шоуто и дека за неа ова е едно многу важно животно искуство и нешто што не би можела да го искуси на друго место.

Во врска со шпекулациите дека Анета потпишала договор пред да влезе во шоуто да не зборува на Македонски јазик, таа вели дека тоа не е вистина.

- Не, прв пат слушам за такво нешто. Не знам дали тоа било објавено, но јас им се извинив на сите мои Македонци дека не можам да зборувам македонски затоа што не ме разбираа.

Исто така Анета вели и дека не успеала сеуште да одгатне дали навистина паднал секс во куќата помеѓу Ава и Урош и Ава и Жељко.

Анета за Вечер вели дека не и пречи што јавноста и ги видела голите гради. -Па сега што. А и онака ми се распаднаа и двата костими за капење, а не сакав да се капам со долна облека.

Анета додаде и дека повторно би била дел од реално шоу, но не откри за колку пари влегла во куќата на Големиот брат.

Повеќе на Вечер.мк

најчитано сега