“Голема хуманитарка“ фатена како продава хероин
Дваесет и четири годишната манекенка Персефани Леспранс која за себе велеше дека е голема хуманитарка и дека сака да им помага на луѓето е фатена во полициска акција во Англија со поголемо количество хероин.
„Имам голема потреба за хуманитарна работа и помагање. Сакам да учествувам во собирање на средства, а понекогаш и од својот џеб ќе издвојам поголема сума на пари. Сакам да им помагам на луѓето колку што е тоа возможно. Ќе бидам совршена победничка бидејќи сум обична девојка од мал град која може да направи промена“, изјави таа на емисијата 'Hometown Hottie' каде се вброи во првите 10 финалистки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа