Министерот Адеми ќе го затвора Макстил
Станува се поизвесно дека од 1 април Макстил и Југохром ќе дбојат катанец, пишува Утрински весник. Владата не попушта во намерата да го спроведе законот, односно фабриките да се прилагодат на потребните еколопки стандарди до 1 април.
„Според Законот за животна средина усвоен во 2004 година, рокот за усогласување на сите капацитети со нивните оперативни планови е до април 2014 година. Значи, имаа 10 години за еколошко приспособување на производството. Досега во Министерството за животна средина пристигнаа околу 135 барања од производители, од нив се одговорени половината и имаат добиено А интегрирани еколошки дозволи, а другите ќе добијат одговор до крајот на годината“, рече министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми, на вчерашната конференција посветена на климатските промени.
Министерството за животна средина е децидно дека одложување на рокот нема да има и дека индустриските капацитети нема да се толерираат.
„Најголемата казна е затворање на тие капацитети. Ме радува што некои фабрики работат интензивно за исполнување на овие рокови. Тука спаѓаат сите металуршки и енергетски капацитети, текстилната индустрија и рудниците. Според нашите пресметки, оние што воопшто не инвестирале нема да стигнат до април. Од поголемите капацитети тоа се ’Макстил’ и ’Југохром’“, потврдува Адеми, пренесува Утрински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа