ВНИМАВАЈТЕ: Магла на Плетвар и кон Крушево
Намалена видливост до 100 метри поради магла е регистрирана на патиштата кај Крушево. Кај Плетвар маглата е ретка, информира ЈП „Македонија пат“ во прегледот за состојбата на патиштата во 18 часот вечерва.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, претежно по влажни коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
Од денеска до 19 овој месец во периодоот од 6 до 19 часот ќе се изведуваат теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка. Сообраќајната сигнализација за времена измена на режимот на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од денеска стапи во сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа