Во ист ден два инциденти во автобуси на ЈСП - 15 насилници претепале малолетник
Уште еден инцидент се случил вчера во автобус на ЈСП. Околу 13 часот на улицата „Трета Македосна Бригада“, на автобуска постојка во автобус со број 33, група од 15 без никаква причина се збеснала и го нападнала 17-годишниот М.С. удирајќи го со тупаници по телото.
Момчето со видливи повреди било пренесено во болница.
Исто така, уште еден инцидент се случи вчера околу 19 часот во автобус на ЈСП со број 65, кога група маскирани насилници со метални шипки нападнале повеќе патници, а при инцидентот се повредени 8 деца.
По ова, сторителите при излегување од автобусот се обиделе да извлечат едно малолетно лице од автобусот но не успеале. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа