Македонија прва земја во ЈИЕ која воведува студии за сајбер - одбраната
Македонија и официјално е првата земја во регионот на Југоисточна Европа каде што ќе се отворат студии за изучување на сајбер - одбраната. За таа цел, денеска во Воената академија во Скопје деканот, полковник проф.Орце Поповски и д-р Итамара Локхард, директор на Иницијативата за сајбер-одбрана на Институтот за интернационални студии од Монтереј потпишаа меморандум за соработка.
Локхард потенцира дека минатата година заеднички е работено на промовирање и организирање на НАТО школата за сајбер-одбрана,: - Единствени за кои што ние имаме информации дека во овој дел од светот го прават тоа се НАТО и ЕУ кои прават напори за креирање на регионални платформи, а тие не се фокусираат исклучиво на ЈИЕ, изјави Локхард изразувајќи благодарност за сите надлежни кои се заслужни за преземање на овој, како што рече, смел чекор за изградба на платформа прва во ЈИЕ во доменот на сајбер-безбедноста.
-Техничко-технолошкоит развој на човештвото, имплементацијата на она што го нарекуваме интернет општество во РМ, се поголемата вреженост на институциите со комјутерска мрежа, ја наметнува потребата од изучување на заканите кои престојат од сајбер-тероризмот. За поздравување е што Република Македонија се вклучува во овој дел, изјави Димитриев, по потпишувањето на меморандумот.
Врз основа на меморандумот ќе се врши размена на професорски кадар со Институтот од Монтереј, размена на публикации и книги, ќе се организираат работилници и курсеви, а постепено ќе се вклучуваат и други институции во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа