Амбасадорот Зоран Јолески ја доби наградата "Меѓународен херој"
Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски ја доби наградата за Меѓународен херој, која му беше доделена вчера. Добитници на наградата се и Гери Џонсон, поранешен гувернер на Ново Мексико и либертаријански кандидат за претседател на последните избори во САД, и актерот и еколошки активист Ед Бегли.
Според Соланж Ворнер, основачка на Светската трговска комора, оцени дека Јолевски, Џонсон и Бегли со своите активности придонесуваат кон развојот на глобалната економска соработка меѓу земјите.
Амбасадорот Јолевски ја прими наградата за визионерската работа и иницијативите во натамошното зајакнување на меѓународната соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа