Пет приоритети за подобрување на бизнис климата
Подобрување на правната регулатива, владеење на правото на сопственост, поголем пристап до финансискитe услуги, лојалната конкуренција и претприемничката култура се петте приоритети за подобрување на бизнис климата во државата, сметаат од Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерација на Македонија.
Заменик-министерот за економија Христијан Делев посочи дека дел од овие мерки веќе ги имаат идентификувано и се работи на нив со цел да се подобри бизнис климата.
- Некои од нив треба допрва да се анализираат, а некои веќе се имплементирани. Овој документ е добра платформа каде би можеле со дијалог да видиме кој од овие мерки би можеле да се имплементираат, изјави Делев.
Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров рече дека Македонија има најниски даноци во Европа: - Во моментот во државата не се плаќа данок на добивка и сите компании кои добивката ја реинвестираат плаќаат на непризнати расходи. Тоа е добро за големите компании, но малите компании доаѓаат во ситуација да плаќаат данок на непризнати расходи кои се многу поголеми од нивната добивка дури и прикажуваат загуба поради тоа. Затоа имаме препорака при носење на законите да се мисли на малите и на средните претпријатија, рече Ангелов.
Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата на Македонија со поддршка од Меѓународната организација на трудот во изминатите шест месеци работеа на мерење на условите за водење бизнис во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа