Уапсен скопјанец осомничен дека пукал кон вториот човек на разузнавачите

 

Полицијата денеска уапсила 26 годишен скопјанец кој е осомничен дека минатата недела пукал кон возилото во кое се возеше заменик директорот на Агенцијата за разузнавање, дознава порталот Плусинфо.


Според информациите до кои стигнал порталот, скопјанецот бил уапсен утрово во 5 часот во својот дом во скопско Сингелиќ. Тој бил однесен на распит во една скопска полициска станица каде тој дал свој исказ за критичниот ден. Од полицијата за Плусинфо потврдиле дека доосега неколку лица биле повикани на разговор околу инцидентот кој минатиот петок се случи во близина на гробиштата кај скопската населба Сингелиќ, но повеќе детали најавиле откако ќе заврши истрагата.

Од МВР велат дека во истрагата која треба да го открие идентитетот на напаѓачот, е вклучен и тим од Агенцијата за разузнавање. Засега, истрагата покажала дека предмет на напад не бил вториот човек на разузнавачите, туку до пукањето доѓло поради банална расправија поврзана со предност на минување.

Минатиот петок близу гробиштата во скопски Сингелиќ, беше стрелано кон службено возило на Агенцијата за разузнавањњ во кое се возел заменик директорот агенцијата. За среќа, немаше повредени, ниту штета на возилото. 

Извор: Плусинфо

14.11.2013 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега