Средба Иванов-Фаркаш: Поддршка од САД за членството во НАТО

 

Шефот на државата, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со заменик помошничката на секретарот за одбрана на САД, Евелин Н. Фаркаш. На средбата двајцата соговорници ја поздравиле одличната соработка во областа на одбраната, а биле разменети и мислења околу можностите за натамошно продлабочување на истата.

- Република Македонија е благодарна за пријателството, помошта и поддршката која ја добива од САД од првите денови на независноста до денес, особено за напорите и поддршката во реализација на нашите стратешките цели. Во Република Македонија секогаш можете да гледате како на искрен пријател и партнер, рекол претседателот Иванов.

На средбата со Факраш  претседателот Иванов го потенцирал очекувањето дека во пресрет на следниот НАТО Самит поддршката од САД ќе продолжи, со цел Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата.

Заменик-помошникот на секретарот за одбрана изразила благодарност за досегашниот ангажман на АРМ во меѓународните мировни мисии.

- САД како и досега ќе продолжи да биде поддржувач на стратешката определба на земјата за целосна интеграција во евроатланските структури, истакна Фаркаш. 

14.11.2013 - 15:45
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега