Дуинг Бизнис: Македонија лидер на Балканот за водење бизнис

 

Во неодамнешното рангирање на Дуинг Бизнис 2014 за земјите најповолни за водење бизнис, Македонија се најде на високото 25 место од вкупно 189 земји. Македонија  се најде за 11 места повисоко во однос на 2013 година и зад неа ги остави сите балкански земји.

Другите балкански земји се далеку понеповолни за водење бизнис во однос на Македонија. Словенија се најде на 33. место на ранг листата, Кипар на 39. Црна Гора на 44. Бугарија на 58. Турциа на 69. Грција на  72. Романија на  73. Косово на 86.Хрватска на 89. Хрватска, Албанија на 90. Србија на  93. Србија  и Босна и Херцеговина на 131. место.

Областите во кои што Македонија највисоко котира на листата на Дуинг Бизнис и е една од водечките земји се “Основањето и стартот на бизнисот”(7 место) , “Поволноста за подигање кредити”(3 место) и “Заштитата на инвеститорите”(16 место).

На Дуинг Бизнис 2014 листата, Македоннија се најде и во ТОП10 бизнис реформатори во светот, што е уште еден доказ за успешните економски политики на земјата.

Предвидените проекции за раст на БДП за наредните 2 години отвора простор Македонија да се искачи уште повисоко на ранг листата на Дуинг Бизнис.

 

14.11.2013 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега