Нето-просечната плата во август поголема за 7%

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика просечната нето плата во месец август годинава изнесувала 21.108 денари. Во однос на истиот месец минатата година, просечната плата за месец август 2013 е зголемена за дури 7%.

Ваквото зголемување на нето-просечната плата се должи на зголемувањето на нето-платата во реалниот сектор, во стопанските гранки и тоа: Транспорт и складирање (7.0%), Други услужни дејности (6.7%) и Рударство и вадење на камен (5.6%).

Во однос на истиот месец минатата година се јавува и намалување на бројот на лицата кои не земале плата.Така, во август годинава само 1.5% од вработените не добиле плата.

14.11.2013 - 15:22
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега