Владата најавува ново роуд-шоу во САД

 

Владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за странски инвестиции без ресор, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, од денеска (14.12.2013 година) престојува во  посета на Соединетите Американски Држави.

За време на посетата делегацијата ќе одржи инвестициски презентации за можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија, пред членови на бизнис заедниците од градовите Кливленд, Индианаполис, Милвоки и Минеаполис.

14.11.2013 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега