Една година од „Керозин“ - обвинетите сеуште во притвор
Една година од полициската акција „Керозин“ и една година откако на 15-мина обвинети им беше одредена мерка притвор.
Како што објави Канал 5, сопругите и родителите на обвинетите возачи денеска јавно апелирале овие обвинети да бидат пуштени во домашен притвор. Велат ги возеле камионите помалку од еден месец пред апсењата, а ги држат во притвор веќе 12 месеци.
Шеснаесетмината обвинети во „КЕрозин“ се сомничат дека преку фирмата „Алма комерц“ точеле помалку нафта отколку што било предвидено за државни институции и на тој начин и нанеле штета на државата.
Денешното судење за „Керозин“ беше затворено за јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа