Мајка пријавича физички напад врз син со попреченост во дневен центар во Кавадарци
Мајка пријавила физички напад врз синот во Дневен центар за лица со попреченост во Кавадарци, оваа информација попладнево ја потврди за МИА, портпаролката на Секторот за внатрешни работи - Велес, Биљана Ѓаковска.
- Денеска во 10:30 часот во ОВР - Кавадарци, Д.Н., 47-годишна кавадарчанка, пријавила дека вчера во периодот од 10:30 до 14:30 часот, нејзиниот син Ц.Н., на возраст од 23 години, кој бил со здравствени проблеми, бил физички нападнат од едно лице во дневниот центар за лица со попреченост во развојот во Кавадарци, каде секојдневно престојувал по четири часа. Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи - Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираше Ѓаковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа