Истражување: Намален бројот на млади лица кои активно бараат работа

 

Претставници на коалицијата на младински организации - СЕГА заедно со надлежните од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување во ЕУ Инфо центарот дебатираа како да се зголеми бројот на младите луѓе кои ќе се вработат.

Резултатите од истражувањето кое го спровела Коалицијата покажува дека е намален бројот на млади лица кои активно бараат работа. Според податоците и стапката на невработеност кај лицата на возраст од 15 до 24 години е речиси двојно повисока од онаа на возрасните. Над 90 проценти од младите не се заинтересирани и не ги користат мерките кои се насочени кон нивно побрзо вработување, а причините за тоа се верувањето дека ќе најдат работа доколку имаат роднинско-пријателски врски и недоволната информираност за мерките за вработување кои се наменети за нив.

- Демотивираноста на младите може да се побара во тоа што најголем процент од нив веруваат дека набрзо ќе најдат работа доколку имаат роднинско-пријателски врски и многу малку веруваат во институциите и програмите. Исто така младите не се и доволни информирани за програмите и мерките кои се насочени кон нив, изјави Зоран Илиевски, извршен директор на коалицијата СЕГА.  

Според него, за да се обезбеди побрзо и подобро вработување потребна е поголема информираност на младите: - Резултатите од истражувањата покажуваат дека се генерираат голем број несоодветни кадри кои не се потребни на пазарот на трудот и се соочуваме со целна група млади кои завршиле високо образование, а нивниот капацитет и нивното знаење не е потребно на пазарот, истакна Илиевски.

Претставници на коалицијата денеска заедно со надлежните од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување во ЕУ Инфо центарот дебатираа како да се зголеми бројот на младите луѓе кои ќе се вработат.

14.11.2013 - 12:45
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега