Нето-просечната плата во август 2013 зголемена за 7% во однос на изминатите 12 месеци
Државниот завод за статистики на Република Македонија неодамна ја објави просечната нето плата за месец август 2013.
Просечната нето плата за месец август годинава во Република Македонија изнесувала 21.108 денари. Во однос на истиот месец минатата година, просечната плата за месец август 2013 е зголемена за дури 7%.
Праксата да се зголемува нето-просечната плата во Република Македонија во однос на минатата година, се бележи не само во месец август, туку и во сите претходните месеци од јануари до август.
Ваквото зголемување на нето-просечната плата се должи на зголемувањето на нето-платата во реалниот сектор, во стопанските гранки и тоа: Транспорт и складирање (7.0%), Други услужни дејности (6.7%) и Рударство и вадење на камен (5.6%).
Во однос на август минатата година се јавува и позитивен тренд или намалување на бројката на луѓе кои не зеле плата, за кој бурно се борат институциите на државата. Август 2012 година 2.5% од вработените не ги земале своите плати, додека пак во август оваа година само 1.5% од вработените не зеле плата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа