ВИП инкасирал 18 милиони евра за три месеци
Во третиот квартал од 2013 година, Вип оператор продолжува со својот раст во услови на висока конкурентност на македонскиот телекомуникациски пазар. Вип има повеќе од 645.000 корисници, што претставува зголемување од 3% споредено со истот период минатата година. Вип оператор го зголеми својот пазарен удел до 28,2%, засилувајќи ја својата предност пред третиот играч на пазарот.
Во третиот квартал од 2013 г., приходите пораснаа за 7% до речиси 18 милиони евра, како резултат од поголемиот број на постпејд корисници и поголемиот сообраќај.
Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) порасна за 34%, споредено со третиот квартал минатата година, до повеќе од 5 милиони евра. Во истиот период, оперативната добивка двојно се зголеми.
- Навистина сме горди и задоволни што Вип оператор ја одржува континуираната динамика на раст. Растот на нашата корисничка база и повисоката профитабилност овозможува Вип оператор да продолжи да инвестира во технологија која ќе го обезбеди следното ниво на корисничко искуство, како и да обезбеди повеќе вредност за македонските граѓани, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип оператор.
Оваа година, Вип инвестираше 10.3 милиони евра во ЛТЕ лиценца и дополнителен спектар на фреквенции со цел да го подобри квалитетот на своето портфолио на услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа