Леќите одат во историјата - хирург откри техника за менување на бојата на очите

 

Хирург од Њујорк открил нова техника со чија што помош леќите за очи ќе станат минато. Докторот открил како може да се промени бојата на очите. Се работи за процедура наречена "имплантација на ирис", а значи вградување на тенок силиконски имплант во окото со чија што помош се менува неговата боја.

Хирургот Кенет Росентал тврди дека оваа операција во голем број од случаите може да го врати и оштетениот вид кај пациентите. 

Процедурата опфаќа правење на 2.8 милиметарски рез на рожницата на окото и вградување на имплант во неа, со што се менува бојата.

Докторот тврди и дека силиконот може многу лесно да се извади доколку телото не може да го прифати и создава проблем.

14.11.2013 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега