Запалениот „Мерцедес“ имал гасен уред кој не експлодирал - за влакно избегната трагедија во Битола
Два луксузни автомобили, „Мерцедес“ и „Ауди 4“ изгореа во вторникот во Битола, откако беа полиени со запалива течност. Мерцедосот, дознава весникот Дневник, имал гасен уред, кој за среќа не експлодирал и била избегната катастрофа.
Автомобилите кои изгореа во вторникот вечерта, биле во сопственост на битолчаните С.Р. и В.Н, едниот близок роднина на познат битолски бизнисмен. Во моментот на пожарот, возилата биле паркирани на паркингот од булеварот „Први Мај“, пред станбената зграда во која живеат сопствениците.
Полицијата се сомнева дека автомобилите биле потурени со течност и запалени. Сепак, од битолската полиција велат дека во тек е истрага за точно утврдување на причините за пожарот.
- Гледавме телевизија, кога надвор се слушнаа гласови. Излеговме и видовме дека горат две возила. Не знаевме чии се. Соседите се вознемирија, сите излегоа надвор да видат што се случува на главната улица. Среќа во несреќа е што не експлодира плинската боца од едното возило, вели битолчанката Милица, очевидец на настанот за Дневник.
Дел од соседите се обиделе да го гаснат пламенот со противпожарни апарати.
- Автомобилите гореа оздола. Зедовме апарати од продавницата во близина за да ги гаснеме. Но, ништо не можеше да ги изгасне. Ги викнавме газдите, а тие се јавија во противпожарната единица, која интервенира. Имаше голем пламен, а „мерцедесот“ гореше побргу од „аудито“, велат очевидци на настанот за Дневник.
Од битолската Противпожарна единица велат дека двете возила биле оддалечени едно од друго четири метри. „Мерцедесот“ имал инсталиран гасен систем и бил запален доводот за гас, но интервенцијата на пожарникарите спречила експлозија и трагедија.
Фотографиите од пожарот можете да ги полгледнете тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа