Во француските маркети се продавало отровно грозје од Македонија
Франција, минатата недела го повлекла од продажба македонското грозје, бидејќи било утврдено недозволено количество на пестициди, објавува НОВА.
Според информациите објавени во системот за брзо предупредување при појава на небезбедна храна при ЕУ, француските власти го откриле токсичното грозје при случајна контрола во маркетите и веднаш препорачале негово повлекување од пазарот. Според објавените информации, во македонското грозјето биле најдени количества над дозволеното од хемиските супстанци диметоат и ометоат кои се користат како пестициди.Грозјето се продавало на францускиот пазар од септември годинава, а контролата била извршена на 6. ноември.
Минатата недела, Хрватска детектираше 34 тона токсични краставици од Македонија и го забрани увозот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа