Четири поени за Антиќ на натпреварот против Њујорк

 

На синоќешниот натпревар против Њујорк, екипата Атланта на Перо Антиќ загуби со 95:91. Македонецот на теренот мина нецели 13 минути и постигна 4 поени со 5 скокови и 2 асистенции.

Најдобри во редовите на победникот беа: Кармело Ентони со 25 поени и Андреа Барњани – 20 поени и 11 скокови, додека кај Атланта – Џеф Тиг со 25 поени и Ал Хорфорд со 23.

Атланта и следниот натпревар го игра на домашен терен со Филаделфија во петок навечер.

 

14.11.2013 - 09:19
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега