КОРЕГИРАНО: На повидок "Фаланга 3" - апсењa сеуште нема
Иако присуството на полицијата во и околу Музејот на Македонија е зголемено, нема апсење за случајот кражба во Музејот на Македонија. Последните информации велат дека интензивно се трага по одговорните, а на случајот работат и инспектори на МВР и инспектори од Министерството за култура.
Минатата недела од Музејот исчезнаа вредни предмети, а инспектори од Министерството за култура сеуште утврдуваат што се недостасува во музејското депо. Уште тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети од непроценливо културно-историско значење.
13.11.2013 - 11:44
Фото:
Коолтура
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа