Извршителите ќе бидат удрени по џеб ако објават лични податоци на граѓаните
Извршителите кои во дневните весници ќе објавуваат лични податоци на граѓаните, ќе мора да си платат парична глоба од 250 до 4.000 евра.
Како што пренесува Канал 5, Дирекцијата за заштита на лични податоци испрати укажување до Комората на извршители, но бидејќи тие си продолжиле по старо, се решила да удри по нивниот џеб за вакво нешто повеќе да не се повтори.
Извршителите со години ги објавуваат матичните броеви, а граѓаните си молчат и досега нема ниту една претставка за оваа злоупотреба. Најголем дел од поплаките на граѓаните за злоупотреба се однесуваат на социјалните мрежи и оваа година од вкупно 188 претставки, дури 173 се за Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа