Државна лотарија на Македонија слави: Доделени 1 милион евра на Ново Лото

 

За 90 кола колку што до сега се одржани во 2013та година од првото коло одржано на 02.10 2013 заклучно со 90тото коло одржано во саботатата 02.11.2013, играта на среќа НовоЛото заокружи 1.000.000 ( еден милион) евра во постигнати и доделени добивки.

Имено, во овие 90 кола остварена е една седумка во вредност од над 282.000 евра уплатена во Скопје во Монас Трејд на улица Македонија, девет добивки 6+1 постигнати во различни градови низ Република Македонија, 272 добивки за шест погодоци 6ки, 11. 279 добикви за пет погодоци и 15.839 добивки за четири погодоци.

Со ова играта НовоЛото е високо на почесното место - омилена игра на македонските ѓраѓани која ја носи највисоката премија во Македонија. 

Бројката од над 1.000.000 евра во постигнати и доделени добивки во 2013та се однесува само на играта НовоЛото, додека дополнителната игра НовоЛото Џокер чии извлекувања се реализираат во истата ТВ емисија, веднаш по извлекувањата на НовоЛото, носи посебна среќна приказна. Таа среќна приказна во 90тото коло го доби и својот трет добитник на премија Џокер со 6 погодоци со рекордна добивка за оваа дополнителна игра од над 3.000.000 денари. Веќе се запознавме и со среќниот добитни, а сторијата за него ќе ја сместиме во следното известување.

 

Играчите на НовоЛото знаат зошто и се верни на оваа игра, а според сумата на доделени добивки во 2013та ја оправдува нивната верба. 

 Во моментов премијата за 7ка на НовоЛото изнесува над 13.300.000 денари.

12.11.2013 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега