Нови поволности: VIP дели бесплатни претплати за своите корисници
Вип воведува нови поволности за корисниците кои во периодот до 31 декември оваа година ќе склучат постпејд договор на кој било Vip Free+ тарифен модел. Имено, постпејд корисниците кои во овој период ќе склучат договор на кој било Vip Free+ тарифен модел добиваат еден месец без претплата, и истовремено можат да учествуваат во четирите извлекувања во кои може да добијат и до 24 дополнителни месеци без претплата.
“Постпејд понудата на Вип, со Vip Free+ тарифите, покажа дека ги задоволува потребите на корисниците за слободна комуникација. Сега, па до крајот на годината, корисниците кои ќе одберат од овие тарифи имаат можност да добијат нешто повеќе - бесплатни претплати и тоа задолжително една, а најсреќните корисници и 24 дополнителни бесплатни месечни претплати. Веруваме дека, со овие вредни дополнителни подароци на веќе атрактивните Vip Free+ тарифи, ќе им ги разубавиме празниците на нашите корисници”, изјави Флориан Шварц, Раководител на продукт маркетинг во Вип.
Понудата е валидна за нови Вип Постпејд корисници и за корисници кои ќе го обноват постоечкиот Вип Постпејд договор со минимално времетраење на договорната обврска од 3 месеци на еден од Vip Free+ тарифните модели активирани без дополнителни промоции.
Правилата за учество во оваа промоција и имињата на добитниците ќе бидат објавeни на веб страницата на Вип.
За повеќе информации корисниците можат да се обратат на телефонскиот број 077 1234 или на веб страницата www.vip.mk .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа