Средба Џафери-Де Крем:Македонија и Белгија имаат одлична соработка

 

Министерот за одбрана Талат Џафери престојува во официјалната посета на Кралството Белгија. Во текот на денешниот ден министерот оствари средба со неговиот колега, вицепремиерот и министер за одбрана на Кралството Белгија, Питер Де Крем.

             Двајцата соговорници разговарале за соработката помеѓу двете земји, на билатерално ниво, но и во рамки на Алијансата. Заклучиле дека Македонија и Белгија имаат одлична соработка со тенденција да се продлабочува и унапредува во континуитет. Министерот Џафери на својот колега му ги понуди капацитетите во Република Македонија, како регионалните центри –армискиот полигон „Криволак“, Регионалниот центар за односи со јавноста и Военомедицинскиот центар. Воедно, стана збор и за развојот на соработката во полето на воената едукација, односно за соработката помеѓу Воените академии.

 Континуираните активности на Министерството за одбрана, како и посетите на партнерските земји, укажуваат на посветеноста на Република Македонија за развој на билатералната и мултилатералната соработка која има за цел зацврстување на мирот, демократијата, како предуслов за економски и општествен просперитет во регионот и во Европа.

12.11.2013 - 12:55
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега