Погледнете што ве очекува на патиштата низ земјава
Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 12.11.2013 до 15.11.2013 год. ќе се изведуваат од клучка Миладиновци до с. Текија (стационажа од км 29+388,43 до км 27+388,43). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11 2013 година, започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа