Донесена Завршната сметка на Буџетот за 2012

 

Пратениците денеска во продолжението на 74. седница ја донесе Завршната сметка на Буџетот за 2012 година.

Во текот на расправата главната забелешка на опозицијата беше дека Завршната сметка на Буџетот за 2013 година не е поднесена во законски утврдениот рок и се разгледува со задоцнување без присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. 

Според Игор Ивановски од СДСМ, се што било ветено од страна на вицепремиерот Ставрески, не се остварило. Забележа дека проектираниот раст не е остварен и оти од планираните 2,5 проценти има пад од 0,3 проценти. Пад има и во планираниот раст на индустријата од 1,7 проценти на - 1,4 проценти, а инфлацијата од 2,8 проценти пораснала на 3,5 проценти. Буџетскиот дефицит пораснал за 55 проценти повеќе од планираното. Обвини дека Владата ги направила банките зависни од државата и оти македонското стопанство е колабирано. 

Пратениците од владеачкото мнозинство, пак, во текот на денешната расправа рекоа дека 2012 е една од најтешките години како последица од светската економска криза, но подвлекоа, дека и во вакви услови Владата донела мерки со кои го задржа нивото на стандардот на граѓаните и посветила посебно внимание на социјално ранливите категории. 

11.11.2013 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега