Македонска собраниска делегација во неколкудневна посета на Турција

 

 Делегација од македонското Собрание од денеска ќе престојува во возвратна посета на Турција.

Делегацијата ја предводи пратеникот Кенан Хасипи, а во нејзин состав се и пратениците Амди Бајрам, Бехиџудин Шехаби, Газменд Алији и Ердоган Сарач. Посетата ќе трае до 15 ноември, а е на покана на Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание.

Предвидено е делегацијата од македонското Собрание да ги посети Анкара, Коња и Истанбул. 

11.11.2013 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега