Странските медиуми за дуелот меѓу Фифи и Жељко
И странските медиуми пишуваат за дуелот на македонскиот учесник на „Х Фактор“, Филип Јаневски и членот на жирито Жељко Јоксимовиќ.
Huffingtonpost.com објавува дека Фифи морала да го објаснува својот полов идентитет, затоа што Јоксимовиќ не можел да разбере кое е нејзиното име. Порталот објавува дека Фифи замолила да и се обраќаат во женски род, што за Јоксимовиќ било несфатливо и неприфатливо.
-Мене ништо не ми е јасно. Овде пишува Филип, како можеме да ти се обраќаме во женски род, рече Јоксимовиќ.
-Не знам што да ви кажам. Филип, Фифи, те молам отпеј уште нешто. Малку сум шокиран, не сум премногу конзервативен. Но, убеди ме дека си тоа што си, додал Жељко, пренесува Huffingtonpost.
Фифи се претстави со песната "Beautiful" од Кристина Агилера, доби поддршка од публиката и „НЕ“ од Жељко,
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа