Владо Бучковски: Ние ќе бидеме дел од идната власт
Алијансата за позитивна Македонија утре и официјално ќе прерасне во граѓанско движење, кое ќе има тенденции да стане сериозна политичка партија. Владо бучковски, еден од иницијаторите во интервјуто за Прес24, открива како ќе функционира Алијансата.
-Од организациски аспект ќе бидеме поставени како политичка партија, со Претседател, секретар, потпретседатели... Ќе имаме главен одбор како највисок орган на Алијансата помеѓу две собранија и извршен орган. Ќе формираме локални канцеларии во идните 2 месеци во дваесетина општини низ Македонија, вели Бучковски за Прес24.
Пзитивна Алијанска ќе учествува на претседателските избори со свој кандидат, а самостојно ќе учествува и на евентуални предвремени парламентерни избори.
- Ние ќе бидеме атрактивна опозиција која има намера да нуди решенија за актуелните проблеми во Македонија, пред се да понуди решенија за отварање на нови работни места и спречување на масовното економско емигрирање од Македонија. Ќе се обидеме со поинаков политички настап, да дадеме свој придонес во елиминирањето на говорот на омраза. Учеството на еден од најуспешните македонски стопанственици, Јорданов, е гаранција за нашата сериозност и посветеност во решавањето на економските проблеми, вели во Интервјуто за Прес24, Бучковски.
ПРЕС24: Во недела движењето кое го покренавте за Позитовна Македонија ќе прерасене во политичка партија. Како всушност ќе функционира Алијансата за позитивна Македонија? Од кои организациони тела ќе биде составена и како ќе се носат одлуките?
БУЧКОВСКИ: Ќе се основаме утре како граѓанско движење, со тенденција да прераснеме во политичка партија. Од организациски аспект ќе бидеме поставени како политичка партија, со Претседател, секретар, потпретседатели... Ќе имаме главен одбор како највисок орган на Алијансата помеѓу две собранија и извршен орган. Ќе формираме локални канцеларии во идните 2 месеци во дваесетина општини низ Македонија
ПРЕС24: Овој изминати период како основачи, функциониравте Вие, Љупчо Зиков и Минчо Јорданов. Кој ќе ја има формалната функција на Претстедател?
БУЧКОВСКИ Утре е изборот, не би сакал да го откријам предвреме предлогот на иницијативниот одбор.
ПРЕС24: Вашата иницијатива всушност е еден вид реафирмирање или можеби за прв пат посериозно заживување на третата опција. Од досегашното искуство и како член на една од двете најмоќни политички партии и еве сега како иницијатор на една друга идеја и од комуникацијата со граѓаните, колку во Македонија сепак има простор и шанас за сериозно позиционирае на трет политички субјект, кој не би бил приврзок на едната или на другата групација?
БУЧКОВСКИшансата е реална, според релевантните испитувања на јавното мислење над 30 проценти од оние кои ќе гласаат на следните избори се неопределени. Тие се нашиот таргет.
ПРЕС24: Има ли страв кај СДСМ и ЛДП, бидејќи проценките се дека Вие како политички субјект најголем дел од гласачкото тело, сепак ќе придобиете од овие партии?
БУЧКОВСКИОва е прашање за нив, не за нас од Алијансата.
ПРЕС24: Она што изминативе седум години се покажа како апсолутно исправно, а кое веројатно опзоицијата во Македонија не успева да го препозне, е тоа што граѓаните не перцепираат сериозност, или пак нова понуда од најголемата опозициска партија. Аналитичарите велат дека токму тука лежи и причината што и по седум години СДСМ стои со речиси идентичен рејтинг. Но, јас сакам да Ве прашам, што е она што Вие го нудите и колку сте уверени дека граѓаните ќе препознаат нешто ново?
БУЧКОВСКИ : Ние ќе бидеме атрактивна опозиција која има намера да нуди решенија за актуелните проблеми во Македонија, пред се да понуди решенија за отварање на нови работни места и спречување на масовното економско емигрирање од Македонија. Ќе се обидеме со поинаков политички настап, да дадеме свој придонес во елиминирањето на говорот на омраза. Учеството на еден од најуспешните македонски стопанственици, Јорданов, е гаранција за нашата сериозност и посветеност во решавањето на економските проблеми.
ПРЕС24: Имате ли изградено ставови за некои прашања, за кои што постои дијаметрален јаз меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. На пример Скопје 2014, субвенции за земјоделците, прашањето за името?
БУЧКОВСКИ :Да, ќе ги чуете утре.
ПРЕС24: Што сака да биде Алијансата за позитивна Македонија во државата? Партија конструктивна опозиција, партија индиректен поддржувач на Власта, како што велат во СДСМ, или пак Партија која претендира за освојување на власта?
БУЧКОВСКИ :Ние ќе бидеме дел од идната власт.
ПРЕС24: На претстедателските избори ќе учествувате сами, со сопствен кандидат или постои можност за евентуална поддршка на нечија кандидатура?
БУЧКОВСКИ : Ќе настапиме со свој кандидат.
ПРЕС24: Паралелно со Вас и Стефчо Јакимовски се бори за освојување на просторот кој би подразбирал трета опција. Можна е соработка со ГРОМ за изборите во март, за кои не се исклучува и можноста да бидат и вонредни парламентарни?
БУЧКОВСКИ : Според мое мислење соработката со ГРОМ е поизвесна постизборна, сега е време и ние и тие да си го провериме рејтингот на избори. Така би имале поцврста соработка, би се знаело кој колку тежи.
ПРЕС24: Како ја оценувате СДСМ овие неколку месеци под раководство на ЗоранЗаев?
БУЧКОВСКИ : No coment.
ПРЕС24: Сте разговарале ли со Заев, постојат ли понуди за соработка?
БУЧКОВСКИ :Изботот на Заев го подржав додека бев член на СДСМ. По неговиот избор не сме имале официјална средба и разговори
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа