Арнаудовска: Во Македонија има независно судство

 

Првиот човек на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, Анета Арнаудовска, во интервју за Гласот на Америка вели дека во Македонија има независно судство, бидејќи земјата ги презема сите реформи за негово унапредување. .

  - Ние ги имаме имплементирано сите меѓународни стандарди: сопствено тело што ги избира и разрешува судиите - значи не Собранието и Владата, потоа Академијата како нова институција, која ќе обезбеди објективни критериуми за избор на новите судии и обвинители, и, секако, мора да работиме на имплементација на стандардите во пракса, вели Арнаудовска.

На прашањето како да се направи бедем меѓу судската и извршната власт во Македонија, директорката вели дека  принципите на независност се зададени во сите меѓународни стандарди и оти во праксата мора многу да се работи за да се охрабрат судиите и обвинителите да бидат независни од политиката.

 -  Особено ние како Академија ќе бидеме фокусирани на идните судии и јавни обвинители.  Во последните шест години се избрани 300 судии и јавни обвинители.  Мора напорно да се работи во правецот на зајакнување на резистентноста на судиите и обвинителите спрема политиката.  Значи, тоа е процес, рече во интервјуто директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска. 

Инаку, Арнаудовска учествува на меѓународна конференција за судска обука во Вашингтон.  Националниот центар на државни судови на САД е домаќин на собирот на 270 учесници од 70 држави во светот. 

 

09.11.2013 - 11:07
Фото: 
Канал 5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега