Започна постапката за екстрадиција на новинарот Божиновски од Србија

 

Македонското Министерство за внатрешни работи се веќе се обратило до Министерството за правда и судовите за да почне постапката за екстрадиција на новинарот Зоран Божиновски, кој беше уапсен во четвртокот во Нови Сад. 

- МВР, согласно процедурите, се обрати до Министерството за правда и до надлежните судови, и очекуваме во најкус рок да биде комплетирана целокупната документација и да биде доставена до органите на прогонот на Србија, кои треба да се изјаснат за барањето за екстрадиција. Ако биде одговорено позитивно, МВР со српското министерство ќе се договорат за деталите за испорачување на Божиновски, вели портпаролот на МВР, Иво Kотевски, пренесува Дневник.

Македонската полицја засега нема информации дека новинарот има двојно државјанство или дека се бара за извршени други кривични дела во Србија. Тој во Македонија се бара поради сомнение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион’, во кој се осомничени 20 лица. 

Божиновски вчера бил изведен пред истражен судија во Нови Сад, кој му одредил екстрадициски притвор од 40 дена во Окружниот затвор во Нови Сад.

 

 

09.11.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега