Ѓорѓиев: Се избираат претседател и членoви на Инспекцискиот совет
Владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев денеска обелодени дека е распишан огласот за избор на претседател и шест члена на Инспекцискиот совет, со што започнува една од најсуштинските реформи што се презема од страна на Владата за подигнување на квалитетот на инспекцискиот надзор.
- Инспекцискиот совет ќе биде централното тело кое ќе биде главен регулатор на сите процеси и непосредно ќе раководи со целокупната реформа, како и со поставувањето на овој систем кој ќе внесе исклучително значаен нов квалитет во постапувањето во самата област. Четири пати годишно Инспекцискиот совет ќе ја известува Владата за својата работа, а еднаш месечно задолжително согласно новиот Закон ќе одржува транспарентни седници на кои ќе расправа за сите претставки и поплаки кои граѓаните или компаниите ги имаат поднесено. Ќе има право за вршење на посебен вид надзор врз инспекциските служби и на тој начин значително ќе го подобри квалитетот во оваа област, изјави владиниот потпарол.
Ѓорѓиев нагласи и дека Владата ги охрабрува сите високостручни лица, кои поседуваат морален кредибилитет, висока етика и интегритет да се пријават на овој оглас: - Членови на Инспекцискиот совет, како централно регулаторно тело на целокупната реформа, треба да бидат најспособните, најквалитетните, најдобрите личности, оние кои поседуваат високи морални карактеристики, углед во јавноста, знаење и вештини, затоа што токму од нивниот интегритет, знаење и етика ќе зависи развојот на целокупната оваа област.
Инаку, улогата на претседателот на Советот е да ги управува сите процеси, а 6-те членови покриваат определна сфера. Еден од членовите ќе го покрива надзорот на пазарот, работните односи, безбедноста и здравјето при работа, друг животна средина и заштита на здравјето на луѓето, потоа градежништво, урбанизам и транспорт, друг член ќе го покрива образованието, наука и култура, петтиот земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната и шестиот член на Советот ја покрива областа од управтаа и управните работи.
Огласот ќе трае до 20-ти месецов, а услови се дадени во него.
- По разгледувањето на писмените поднесоци и обавување разговори со потенцијалните кандидати ќе бидат именувани вршители на должноста претседал и членови на Инспекцискиот совет. Во тој период од три месеци именуваните лица треба да достават уште три документи. Првиот документ е за познавање странски јазик - меѓународно признат сертификат за познавање странски јазик, потоа сертификат за напредно познавање компјутерски техники и вештини и документ што потврдува дека кандидатот е способен за извршување на овие задачи односно положен тест за интегритет, истакна Ѓорѓиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа