Коњановски: Ќе се обезбедат еден милион евра за чистење на каналската мрежа

 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска работно го прошета Ново Село. За време на посетата, министерот најави дека ќе бидат обезбедени еден милион евра  за чистење на каналската мрежа во текот на идната година.

Станува збор за крак за наводнување долг 6,5 километри што, според надлежните, беше запоставен во изминатите 40 години.

- При неодамнешната посета на Волково жителите ни предочија дека ова им е огромен проблем. Затоа и го ставивме меѓу нашите приоритети. Но, тука нема да застанеме. Ќе продолжиме со активности наредната и 2015 година, системски, комплексно како досега. Ќе регулираме уште еден проблем, а тоа е зафатот на село Лепенец, истакна Коњановски и додаде дека санирањето на каналот Лепенец - Орман - Волково треба да се заокружи за околу еден месец.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски истакна дека ова ќе биде голема придобивка за сите граѓани.

- Заменик-министерот Коњановски го одржа зборот. Му изразуваме голема благодарност и нему и на Министерството зашто еднаш засекогаш ќе го решиме овој проблем, изјави Воислав Ристевски од Водната заедница „Волково - Орман“.

Од 2006 година досега се исчистени вкупно 534 километра каналска мрежа. 

08.11.2013 - 11:50
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега