Рекордни 20 минути игра на Антиќ во натпреварот против Денвер
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ синоќа одигра 20 минути и 12 секунди на натпреварот меѓу Атланта и Денвер, при што Атланта беше поразена со 109:107.
За Атланта ова беше трет пораз и серијата од три гостувања ја заврши со една победа и два пораза.
Во својата игра, Антиќ имаше шут од игра 2/5 (сите за три поени), 1/2 за слободни, 4 скокови (2+2) и една асистенција.
Следниот натпревар Атланта го игра на 9 утре со Орландо.
08.11.2013 - 10:18
Фото:
Алфа.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа