Предлог-буџетот на Собранието за идната година изнесува 688,3 милиони денари
Предлог-Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2014 година изнесува 688,3 милиони денари од кои 665,6 од буџетската сметка.
За плати, наемнини и надоместоци предвидени се 258,3 милиони денари, нешто пониско од лани. За стоки и услуги 190,8 милиони денари што, според претставничката на Министерството за финансии, е зголемување за 12 проценти во споредба со минатата година со цел да се обезбеди нормално функционирање на активностите на Собранието. За функционирање на канцелариите со контакти со граѓаните планирани се за четири проценти повеќе средства од лани. За капитални инвестиции се планирани 216 милиони денари, во согласност со барањата на Собранието и тие се главно за довршување на собраниската зграда во наредната година.
Марјанчо Николов од СДСМ побара од пратениците заедно амандмански да интервенираат за, како што рече, Собранието да може нормално да функционира: - Ако не сте подготвени, ќе го ставам под прашање функционирањето на Буџетскиот совет, рече Николов, кој исто така забележа дека сите пратеници треба да имаат свои канцеларии.
Според претставничката од Собранието на Република Македонија одговорна за финансиите, долгот на оваа институција изнесува околу 50 до 60 милиони денари, најголем дел за патни трошоци на пратениците и за користење возила на Владата. Средствата што Министерството за финансии не ги одобрило од барањето на Собранието најмногу се однесуваат на опремувањето на новите парламентарни сали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа