Статистика: Во октомври пониски трошоци за живот

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври  годинава бележат намалување за 0,1 отсто.

Минатиот месец намалување на индексите е забележано кај Транспортот за 1,6 отсто, Храната и безалкохолните пијалаци и Алкохолните пијалаци, тутун за 0,2 отсто и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,1 отсто, додека пораст на индексите има кај групите Облека и обувки за 2,1 отсто и Здравје за 0,5 отсто.

Индексите во групите - Домување, вода, електрика, гас и други горива, Комуникации, Рекреација и култура, Образование, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги останаа исти како и минатиот месец.

07.11.2013 - 15:34
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега