Наградата за животно дело во рацете на Драган Спасов-Дац

 

Наградата за животно дело „Петре Прличко“ оваа година отиде во рацете на Актерот Драган Спасов-Дац од  Драмски театар-Скопје. Во жири за наградата за животно дело беа  Јордан Витанов, Зоран Љутков и Васил Зафирчев.

Наградата е  започна  во 2006 година од  Општина Велес, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“-Велес и Здружението на театарски уметници „Џинот“ и се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен износ од 30.000 денари.

Драган Спасов е актер од помладата генерација кој зад себе има впечатливи актерски остварувања а со својата свежа и продуховена игра позитивно се наметнал кај публиката и кај театарската критика, ова стои во образложението на жирито.

- Моќта за силни уметнички трансформации ја прави неговата игра секогаш полна со нијанси и затоа Драган Спасов-Дац на сцената зрачи со своите физички и психолошки варијации, а притоа суверено ја претставува современата и модерна актерска игра, истакна Васил Зафирчев на прес-конференција.

Драган Спасов-Дац, кој е избран во конкуренција со уште двајца актери, има голем број значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти, како „Грев или шприцер“, „Амадеус“, „Ало будење“, „Дон Жуан“, „Платонов“, „Свадбата на Фигаро“...

Од оправдани причини Дац не присуствуваше на прес-конференцијата, но најавил дека ќе дојде на врачувањето на наградата - на 9 ноември, во рамки на програмата за одбележување на Денот на Општина Велес. Во чест на лауреатот Велешкиот театар на својата матична сцена ќе ја  одигра претставата „Ноќите во бел сатен“ .

Во изминатите седум години наградата „Петре Прличко“ ја добија актерите: Благоја Спирковски-Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски и Петар Темелковски.

07.11.2013 - 15:17
Фото: 
идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега