Наскоро и милионитиот патник ќе полета или слета од македонските аеродроми

 

Во октомври биле опслужени 88.922 патници одноно или раст од 37,6 отсто во споредба со лани, аеродормот во Скопје го бележи најголемиот месечен пораст во изминатите неколку години. 

Бројот на воздухопловни операции се зголеми за 15,1 процент, со вкупно 983 полетувања и слетувања. Нивото од 245.63 тони превезени карго-пратки е повисоко за 4,9 отсто во споредба со октомври минатата година, соопшти ТАВ

Најпосетуваната дестинација е Истанбул во периодот на јануари- октомври по што следуваат Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме, додека Ербас А320 е најчестиот тип авион со удел од 32 процента во целокупните воздухопловни операции на патничките летови.

Новиот ред на летање, што важи од 27 октомври, вклучува 91 неделна фреквенција во ноември и очекувани 101 неделна фреквенција во врвот на сезоната, меѓу 15 декември и 15 јануари. Најголемиот дел од авиокомпаниите ги задржаа зимските редови на летање од претходната сезона (Austrian Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Belle Air Europe, Fly Dubai, Helvetic Airways, JAT Airways, Pegasus Airlines). Позитивен исклучок е Wizz Air, која сега има седум дополнителни неделни фреквенции, продолжувајќи ја летната сезона, исто како Turkish Airlines, што има уште четири неделни летови. Edelweiss, пак, има плус еден неделен лет како надоврзување на летниот распоред. Од 20 декември, Germania Flug ќе воведе летови до Берлин еднаш неделно.

Збирните податоци за периодот јануари-октомври со вкупен број од 10.702 извршени воздухопловни операции се карактеризира со зголемување од 11,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Просечната максимална тежина на полетување на воздухопловите за овој период имаше зголемување од 16,5 отсто. Бројот од вкупно 854.390 превезени патници во периодот јануари-октомври имаше зголемување од 21,7 проценти. Целокупниот обем на карго, со 2191.38 тони превезени пратки, имаше пораст од 9,1 отсто во споредба со истиот период лани. Со 68.899 патници кои го користеле Охридскиот аеродром во октомври, аеродромите во Република Македонија со нетрпение го очекуваат милионитиот патник далеку пред крајот на 2013 година.

 

07.11.2013 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега