ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА: Двајца кустоси пријавиле исчезнати артефакти од Музејот на Македонија
Двајца кустоси пријавилое дека во Музејот на Македонија недостасуваат вредни предмети за кои тие биле задолжени, дознава Пресс24 од извори во истрагата.
Од утринава полицијата целосно го запоседна Музејот во обид да открие - каде исчезнале вредните артефакти. Според наши извори, се работи за исклучително вредни предмети од антиката.
Полицијата побарала сите вработени да направата попис на предметите сместени во кутии во депото на музејот. Ќе се формираат и комисии кои треба да утврдат кој и со која причина влегувал и излегувал од депото.
На разговор ќе бидат повикани сите лица кои бработеле и ви моментов работат во Музејот на Македонија.
Според извори ан Пресс24, најголем проблем е тоа што предметите биле сместени во кутии поради планираната преселба во нова зграда па од деловодните книги може да се дознае кој ги земал и враќал кутиите но што имало во нив кога биле вратени не може лесно да се открие. Поради тоа се очекува истрагата да трае долго.
Дополнително отежнување е и што видео надзорот го опфаќа влазот, поставките и ходниците но не и останатите простории каде се чувале вредни предмети.
Министерката за внатрешни работи денеска изјави дека сеуште не може да се направи точна пресметка на вредноста на украдените предмети.
- Кога ќе имаме првично видување и за штетата и за можните сторители соодветно ќе информираме. Во овој момент не би можеле да кажеме и кој е начинот на извршување на делото при кое исчезнале одредени предмети за кои се тврди дека не се на местото каде што треба да бидат бидејќи увидот е во тек, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа