Груевски: Индустрискиот раст уште еднаш покажа дека реформите даваат резултати
Премиерот Груевски денеска на поставувањето камен-темелник на ПЕТ-Ценатрот изјави дека Македонија со растот на издустриското производство оди во добар правец и реформите даваат позитивни резултати.
- Иако во ЕУ се уште не е надмината европската должничка криза и последиците коишто доаѓаат од таа криза, се чини Македонија влегува во една подобра фаза и е влезена веќе во една подобра фаза што дава надеж дека заедно со движењето на европската економија во еден добар правец, а таму веќе има предвидувања дека работите ќе одат кон подобро во следната година, дека и следната година ќе имаме добар раст на економијата и на индустриското производство, изјави Груевски.
И зголемениот број на работници во индустријата за 1,3 отсто во септември споредено со септември минатата година е показатен на добриот тренд.
- Првите два квартала завршија позитивно и тоа со четврт најголем раст во Европа, првиот и вториот заедно се некаде во просек околу 3,3 отсто раст што во овие е четврт најголем раст во Европа. Овие резултати во индустриското производство може да се сметаат за еден добар тренд, што дава добри перспективи за македонската економија и им дава сигнал и на инвеститорите и на нашите стопанственици дека е време, ако имале некои добри развојни планови да почнат да ги реализираат, нагласи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа