Последниот осомничен за масакрот кај Смилковци на суд на 2 декември

Јавното обвинителство денеска одлучи скопјанецот Сами Љута кој годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце, да се додаде кон обвинението за масакрот кај Смилковското Езеро.

Како што пренесува Плусинфо, доколку судот го прифати предлогот на обвинителството и Љута седне на обвинителната клупа заедно со другите обвинети, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Хаки Азири и Фејзи Азири , случајот „Монструм" ќе биде вратен од почеток. 

Инаку, Љута е во притвор откако полицијата го уапси на граничниот премин Блаце бидејќи  чувал стража во време кога се случи масактор во Смилковци. 

- Јавниот обвинител најави и ќе биде поднесено обвинение и ќе бара спојување на постапката за обвинетиот Сами Љута со сегашните обвинети во однос на временскиот период знаете дека согласно законот од поднесување на обвинителниот акт за сега обвинетите и до донесувањето на пресудата треба да изминат две години, а тие изминуваат на 26 октомври 2014. Во однос на тоа дали со носењето на останатите обвинети од Приштина би се разводнил случајот не би сакал да коментира, за тоа сметам дека е најнадлежен судот - вели Асмир Алиспаиќ, бранител на обвинетиот за помагање тероризам Хаки Азири, за Плусинфо.

На денешното рочиште беа презентирани докази од рвениот „опел омега“ кој го возеле убијците. Земјата која била најдена на калниците од „опелот“ е иста со хемискиот состав на земјата каде беше најдено безживотното тело на рибарот Борче Стефковски. 

Исто така, за да се увиди точното време на убиството, обвинителката побара листинзите од телефонот на сега покојниот Александар Тричковски, кој последен преку телефон разговарал со семејството.

Наредното рочиште за судскиот процес Монструм е закажано за 2 декември.

06.11.2013 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега