ФОТО: Министерот Димовски се сретна со евроамбасадорот Орав

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска оствари средба со евроамбасадорот Аиво Орав.

На средбата, ресорниот министер го информирал евроамбасадорот за активностите на Министерството и за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот земјоделство и рурален развој.

- Соработката меѓу МЗШВ и Делегацијата на ЕУ е на завидно ниво, истакна Димовски, изразувајќи уверување за натамошни редовни работни средби и уште поблиска соработка со Орав за Македонија целосно да се усогласи со ЕУ барањата и стандардите со цел зголемување на конкурентноста на македонското земјоделско производство.

Договорена беше наредна работна средба во најкус можен рок и посета на Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој и земјоделство каде се реализира многу значаен ЕУ твининг проект за поддршка на македонското земјоделство во областа на вкрстената сообразност при директните плаќања што ќе придонесе за воведување стандарди за заштита на животната средина согласно ЕУ барањата. 

06.11.2013 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега