САД ги фалат лидерите на ЕУ поради договорот меѓу Србија и Косово
Американскиот државен секретар Џон Кери им го честиташе денеска на граѓаните на Европската Унија Денот на победата, 9 мај, посебно пофалувајќи ги лидерите на Унијата за нивниот допринес за постигнувањето на договорот меѓу Србија и Косово и нормализирањето на односите.
„Ќе продолжиме да бидеме партнери на балканот“, истакна Кери во честитките кои ги испрати во име на претседателот Барак Обама и народот на САД. Тој, како што пишува во соопштението на Стејт департменот, истакна дека визијата на Роберт Шуман во угледната Европа и понатаму го штити мирот на тој континент и ја промовира демократската и слободарска вредност ширум светот.